Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Случај „Пулс“: Обвинение за поткуп и злоупотреби на инспектори – откривале информации за ненајавени контроли и фалсификувале документи

/

Македонија

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство во Кочани поднесе обвинителен акт против три лица и обвинителен предлог за шест други лица за сомневања за поткуп, злоупотреба на службената положба, оддавање службена тајна и фалсификување службени исправи, информира ЈОРСМ.

Случајот се однесува на даночните контроли на Управата за јавни приходи во дискотеката „Пулс“ во Кочани и во други поврзани фирми.

Според обвинението, двајца даночни контролори побарале и примиле очила и рачен часовник од лице одговорно во засегнатите фирми, за возврат да му откриваат информации за ненајавени контроли. Еден од нив, преку пораки на Вибер, го информирал за активностите на УЈП и МВР.

Обвинителството наведува и дека при контрола на 6 март 2024 година биле утврдени даночни неправилности и нерегистриран промет, но тие не биле внесени во записникот, со што буџетот бил оштетен за 98.400 денари.

Вториот контролор, според наводите, го фалсификувал службениот извештај за да ги прикрие неправилностите.

Обвинителен предлог е поднесен и против четворица други даночни контролори и инспектори, од кои еден се товари и за фалсификување исправа, како и против вработена во Државниот пазарен инспекторат за оддавање службена тајна.

Според Обвинителството, при контролите на фирми, утврдените неправилности не биле евидентирани, а извештаите биле фалсификувани, поради што не биле наплатени предвидените глоби.

Одделно, постапката против две лица е запрена поради застареност, додека за уште две е утврдено дека нема основ за гонење за наведеното или друго кривично дело што се гони по службена должност.

Jumbo 2