Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Бизнис објектив“: Странските универзитети во трка за студенти, а третина од нив потоа не се враќаат назад

/

Економија

Сподели преку :

Минатата година во Македонија студирале околу 5.300 странски студенти, а речиси половината избрале факултети од областа на здравството и социјалната заштита. Од друга страна, Словенија и Грција се меѓу најатрактивните дестинации за македонските студенти. Само во академската 2025/2026 година, во Словенија се запишале 1.834 македонски државјани, меѓу другото и поради можноста за бесплатно студирање на државните факултети. Ги анализираме состојбите во високото образование и прашањето колкумина од македонските студенти се враќаат во земјава по завршувањето на студиите.