Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Левица: Владата се откажува од гасификацијата – две милијарди денари скратени со ребалансот

/

Македонија

Сподели преку :

Левица обвинува дека Владата со најновиот предлог-ребаланс на буџетот драстично ги намалува средствата за гасификација, иако развојот на енергетската инфраструктура е важен за сигурноста во снабдувањето со енергија.

Од партијата наведуваат дека средствата за Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се намалуваат за речиси две милијарди денари, при што најголемото кратење е кај гасификацијата.

„Од планираните 1.897.020.000 денари за гасификација остануваат само 12.020.000 денари. Намалувањето изнесува 99,4%, што практично ја сведува оваа буџетска потпрограма на минимум. За 2027 и 2028 година се проектираат по 64,2 милиони денари годишно. И тие износи се далеку под досегашниот план за 2026 година, па оправдано е прашањето со каква динамика ќе продолжат предвидените активности. 

Од Владата и Министерството се очекува да покажат како оваа лицемерна одлука се вклопува во нивните енергетски планови. Ако гасификацијата останува приоритет, тоа мора да се види во обезбедените средства, роковите и реализацијата. Нема изградба без пари, нема инфраструктура без инвестиции, а нема сериозна енергетска политика со буџетски ставки што се бришат за 99,4%“ пишува во партиското соопштение на Левица..

Левица ја критикува министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, барајќи од Владата да објасни како ваквото буџетско кратење се вклопува во нејзините енергетски планови.

Од Левица бараат одговор од Владата и од ВМРО-ДПМНЕ за причините за намалувањето на средствата и за тоа како ќе се реализираат планираните инвестиции во гасификациската инфраструктура.

Jumbo 2