Вести Македонија Најважни

(ВИДЕО) Пожарот кај Кочани ставен под контрола, но не е локализиран

Пожарот над Кочани е под контрола и нема опасност за куќите, но не е локализиран,  вели директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. Пожарот го гасеа 400-тин луѓе, а покрај пожарникарите од Кочани, Виница, Штип и Македонска Каменица, помагаа и луѓе вработени во локалните самоуправи обучени за интервенции во вакви ситуации. Им помагаше и армискиот хеликоптер, кој делуваше се до стемнување. Според Ангелов, во моментов и во текот на ноќта останува еден малч разгорен дел во непристапниот дел од теренот. На него ќе се внимава во текот на ноќта, и со гаснење ќе се продолжи веднаш штом ќе се раздени.

На планината гори борова шума, а покрај високите температури дополнително ситуацијата ја влошува и ветерот. Локалните жители раскажуваат како се случил пожарот. Се сомневаат дека е предизвикан од гром.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала локална облачност – Временска прогноза за 29.4.2024

Дејан Дејан

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе