Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Врховниот суд ги укина пресудите за пожарот во тетовската модуларна болница

/

Македонија

Сподели преку :

Врховниот суд на седница одржана на 22 октомври ги уважил барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на осудените за предметот во модуларната болница во Тетово каде во пожарот за време на ковидот загинаа 14 лица.

Oбвинетите директори на болницата Фљорин Бесими и Артан Етеми тетовскиот суд ги прогласи за виновни за тешки дела против општата сигурност во случајот за пожарот во модуларната болница и ги осуди на 1 година и 6 месеци затвор.

Гостиварска апелација потоа им ја зголеми за двојно, односно на три години зад решетки. Сега на Бесими и Етеми повторно ќе треба да им се суди во Тетово.

Врховниот суд во образложението наведува дека судовите не објасниле од кои докази произлегува заклучокот дека двајцата обвинети постапувале како соизвршители за кривично дело кое им се става на товар, ниту е јасно на кој начин се договориле осудените да не постават ПП-апаратти и хидрантска мрежа.

Највисокиот суд наведува и дека првостепениот суд не ги разграничил дејствијата на осудените, дали со необезбедување на ПП-апарати го сториле делото, или пак имале и друг придонес- влијание во избувнувањето на пожарот, а кој придонес во образложението на пресудата, воопшто не е утврдено и образложено.

„Во состојба кога судовите на осудените им ставаат на товар и други дејствија во однос на избувнувањето на пожарот, требало со сигурност да утврдат во која мера е нивното влијание во избувнувањето на пожарот и настанувањето на последиците, а со оглед на изведените докази во текот на постапката“, се наведува во образложението на Врховниот суд.

Доколку судот ги утврдил причините за избувнувањето на пожарот, според Врховниот суд, со внатрешното вештачење не навел поради кои причини наредил надворшно вештачење за да се утврди причината за пожарните дејствија.

Се поставува и прашањето зошто не било прифатено барањето на одбраната на главната расправа да биде сослушан германскиот вештак.

Врховниот суд ги наведува и вештачењата на други институции кои укажуваат на други причини за избувнување на пожарот како несоодветно изведена електрична инсталација во модуларната болница, изведба на модуларната болница без против пожарни бариери меѓу собите и ходниците, како и изведба на Модуларната болница со несоодветни градежни материјали кои поддржуваат брзо ширење на пожарни дејствија.

Но, како што се наведува, иако вештачења се изведени како докази во текот на постапката, пониските судови дале образложение дека истите се однесууват на околности, кои не се опфатени со обвинението.

Jumbo 2