Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во старата битолска касарна пронајдени 1.700 рачни бомби и тромблонски мини од Првата светска војна

/

Македонија

Сподели преку :

На локација во старата битолска касарна, пиротехничарите од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Министерството за внатрешни работи (МВР) пронајдоа 1.700 рачни бомби и мини. На истата локација во мај годинава беа пронајдени над 2.000 неексплодирани убојни средства од Првата светска војна.

Активностите продолжуваат и во наредниот период, сè до отстранување на сите неексплодирани убојни средства од оваа локација.

„Отстрануваме голема опасност до куќите коишто се наоѓат веднаш под Тумбе Кафе во Битола, на неколку метри воздушна линија од куќите, деновиве од земја извадивме повеќе од 1.700 рачни бомби и тромблонски мини од Првата светска војна“, рече денеска директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов од местото каде се најдени експлзивните направи.

„Огромна количина којашто се наоѓа во овие сандаци зад мене. Ископувањата продолжуваат и понатаму. Очекуваме да најдеме уште повеќе од вакви бомби, но и други видови на неексплодирани убојни средства“, додаде Ангелов.

Тој упати голема благодарност до пиротехничарот во ДЗС којшто е носител на оваа акција.

Jumbo 2