Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пластичните лични документи не се укинуваат, дигиталните ќе се признаваат од следната година

/

Македонија

Сподели преку :

За шест месеци до една година целосно ќе се заврши процесот и личната карта и возачката дозвола инсталирана на мобилниот телефон ќе бидат валидна и пред полицијата, уверува министерот за дигитална трансформација Стефан Андонов.

Тој веќе соопшти дека овие документи граѓаните можат да ги имаат и  на телефонот,  но барем за сега нема да важат при редовни полициски контроли или на шалтерите, поради што излегоа низа реакции во јавноста и по социјалните мрежи.

„Доколку денеска нè запре сообраќајна полиција, не може да се идентификуваме со електронската лична карта бидејќи нема можност како да нè провери дали нашиот дигитален паричник е валиден“, изјави Андоновски при вчерашната промоција на апликацијата m.Uslugi.

Тој посочи дека Министерството за внатрешни работи ќе треба да ги приспособи системите за проверка на дигиталните документи, по што јавноста ќе биде информирана кога тие ќе можат да се користат и при полициска контрола.

Апликацијата m.Uslugi е достапна за Android и iOS уредите. Во моментов преку неа се достапни електронска лична карта, електронска возачка дозвола и обрасците М1, М2 и М4.

До целосното приспособување на системите, граѓаните треба да продолжат да ги носат со себе физичките лични карти и возачките дозволи.

Иако, апликацијата  може да се користи,  граѓаните уште најмалку половина година  ќе мора да ја носат пластичната картичка со себе. Но уверувањата се дека се работи на брзо отстранување на сите пречки за оваа услуга.

 

 

Jumbo 2