Помало загадување и поквалитетен воздух кој го дишат граѓаните на територијата на целата држава е резултатот кој го очекуваат надлежните од нацртот на новиот Закон за квалитетот на амбиенталниот воздух, седум нови подзаконски акти и планови за имплементација на три европски директиви.
Проектот е финансиран преку ИПА фондовите а сега на потег е Собранието каде што законот и измените треба да бидат усвоени.
„Со овој проект викан „смајл пеокт“ за кој беа обезбедени 1,5 милиони евра минативе две години беа работи планови и програми за заштита на воздухот а истовремено е подготвен новиот закон за амбиенталниот воздух и подзаконски акти. По овој настан следува координација меѓу ресорите и усогласување со европската директива“, рече Муамет Хоџа, министер за животна средина
Примената на законот бара координација меѓу министерствата за земјоделство, екологија и транспорт нагласи евроамбасадорот Михалис Рокас.
„Ова е многу битна инвестиција во здравјето на граѓаните и е многу, битен процес во усогласувањето на законодавството на Северна Македонија со ЕУ стандардите и е клучно прашање за пристапување кон ЕУ“, рече Михалис Рокас, ЕУ амбасадор
Легислативата е само една компонента бидејќи мора да се почне со работа и инвестиции на терен а инспекторатите да ги казнуваат загадувачите.
„Го имаме прашањето со цврстиот отпад и депониите. Се надеваме дека регионалните центри и напорите за рециклирање ќе стартуваат. Во ЕУ квалитетот на воздухот е драматично подобрен поради 400 законски акти кои ги имаме во европскиот „Зелен договор“ како и најмодерните депонии, најмодерните постројки за рециклирање, но и системот за контрола на квалитетот на воздухот и казните за загадувачите“, рече Михалис Рокас, ЕУ амбасадор
Министерот Хоџа истакна дека подготвени се нацрт-националниот план за квалитетот на воздухот за периодот 2027 – 2031 година и десетгодишната национална програма за контрола на загадувањето на воздухот 2027 – 2037 година.
Огнен Чанчаревиќ













