Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Санкциониран возач кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

/

Македонија

Сподели преку :

Возач од Скопје е санкциониран откако на социјалната мрежа ТикТок беше објавено видео на кое се гледа како управува автомобил „сузуки“ по велосипедска патека покрај улицата „Бутелска“.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека полицијата презела мерки за утврдување на идентитетот на возачот, кој е идентификуван како 46-годишен скопјанец.

Тој вчера бил повикан на службен разговор и санкциониран за управување возило по несоодветна сообраќајна површина.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите и да не ја загрозуваат безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Jumbo 2