Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бараат субвенциониран студентски оброк од 200 денари – студентите без одговор и по денешната средба со премиерот Мицкоски и министерката Јаневска

/

Македонија

Сподели преку :

По средбата со премиерот Мицкоски и министерката за образование и наука Јаневска, претставниците од студентските собранија велат дека не добиле одговор на нивното барање за зголемување на субвенционираниот студентски оброк од 140 на 200 денари. Најавија студентски референдум на кој можат да гласаат само студенти за систематските промени или да останат според истиот досегашен систем.

„Најавуваме студентска платформа која што ќе функционира како студентски референдум, каде што ќе можат да гласаат само студенти и таму ќе ги предложиме предложените работи дали да се функционира со картички или, пак, да се функционира со бонови и со апликација. Нашето барање беше поради тоа што првично беше наведено дека ќе функционира само во ресторани и во пекари, да функционира и во маркети, заради тоа што колку да се покачи сумата тоа не е доволно за едно јадење во ресторан со досегашната инфлација на рестораните и прехранбените производи која е поголема од обичната просечна инфлација“, изјави Ангела Василевска, претседателка на УСС УКИМ.

Министерката за образование Весна Јаневска е убедена дека наскоро ќе се реши прашањето колу студентскиот оброк. Како решение е понуден примерот на Словенија спреку користење ваучери. Студентите тој ваучер ќе можат да го користат во продавници за храна – сендвичарници, пекари, ресторани. Студентите до сега неколку пати реагираа дека парите за субвенциониран стдентски оброк се малку, и бараа тој да се усогласи со инфлацијата.

 

Jumbo 2