Откако синоќа по полноќ во старите бараки на студентскиот дом „Стив Наумов“ се запали бојлер и се евакуираа студeнтите, денеска Александар Николовски, од студентската организација „Студентарија“ за Телма вели дека вакви несреќи не смее да се дозволи понатаму да се случуваат.
Од организацијата апелираат до надлежните навреме да се утврди причината за експлозија на бојлерот и навреме да се санираат сите дефекти за животот на студентите да не биде доведен во опасност.
Ги потсетуваат исто така и дека постојано даваат предлози да се подобрат условите за домување на студентите.













