Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Четворица се уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров

/

Македонија

Сподели преку :

Четири лица се уапсени за двете убиства во скопската населба Хром и во Ѓорче Петров. Лишени од слобода се  А.С.(22), Х.Е.(20), К.А.(58) сите од Скопје и М.Р.(26) од Струмица, кои се сомничат за две кривични дела „разбојништво“ со последица смрт.
За лицата е побаран краткотраен притвор .

Во период од пет дена, во скопската населба Ѓорче Петров беа пронајдени мртви 62-годишен маж и 76-годишна жена, двајцата со видливи траги на насилство. Мажот бил пронајден во својот дом на 22 октомври, додека телото на жената било откриено вчера во куќа на улицата „Ѓурчин Кокале“.. Нејзината смрт била пријавена во полиција од страна на нејзината ќерка..

По двата настана биле извршени полициски увиди, а телото на жената било предадено на обдукција.

Втор случај за една недела: Пронајдена мртва жена со траги на насилство во Ѓорче Петров

76-годишна жена е пронајдена мртва во куќа на улицата „Ѓурчин Кокале“ во скопската општина Ѓорче Петров, со видливи траги на насилство по телото. Случајот бил пријавен утрово во полиција од нејзината ќерка. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во 9:18 часот било пријавено дека жената, со иницијали О.А., била пронајдена без знаци на живот.… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2