Парите за гасификација од 1,8 милијарди денари се сведуваат на само 12 милиони со вториот ребаланс на буџетот, обвини лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
Тој предупредува дека ваквото кратење отвора сериозни прашања за енергетската стратегија на државата и ризикот од продолжување на зависноста од рускиот гас. Лидерот на СДСМ го оцени вториот ребаланс како доказ за лошо управување со јавните финансии и економијата…













