Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Што е направено, а што се планира да се прави? – „Директно“ во Македонска Каменица по една година од изборите

/

Македонија

Сподели преку :

Ги ревидиравме сите склучени договори за кои што сметавме дека може да имаме проблеми за реализацијата, рече Соња Стаменкова, градоначалничка на Македонска Каменица, во дебата во „Директно“ на ТВ Телма, една година по локалните избори.

„Се работи за локални патишта. Тоа се проекти кои што беа изработени во 2019 година и произлегоа од форумите на заедниците. Тоа е поврзување на село Моштуца со Косевица кое што е реализирано целосно. Поврзување на Цера со Саса, таму е до некоја половична фаза, пред асфалтирање. Потоа во Ефдендиско маало, во село Луковица, во Папурица, во Косевица, треба да се реализира и едно маало во Цера. Меѓутоа, анследивме и еден голем проблем, една градска улица која што беше приоритет, а сега во моментот, заради преземање на обврски во нерешени имотно-правни односи, сме пред суд. Таа е од првиот повик на унгарскиот кредит“, рече Стаменкова.

Ако критикувам, сметам дека тоа ќе биде поттик на градоначалничката за уште подобра работа, рече Драган Миланова, советничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во дебатата во „Директно“.

„Конкретно, околу унгарскиот кредит, патот во селото Косевица, Горанска маала, го има сработено претходниот градоначалник, значи од претходниот мандат е, не е од градоначалничката. Исто, село Саса, Лебаците, село Луковица, Ефендиска маала и село Косевица, Врбаци до Паровица. Тие се комплетно завршени во времето на претходниот градоначалник. Останаа село Цера, сега таму има ставено само тампон што е многу малку, реално ниту автомобил може да се движи по тој пат и улицата „Питу Гули“ во централното градско подрачје. Се надевам дека имотно-правните односи ќе се решат, па ќе успее градоначалничката да го реши тој проект“, рече Миланова.

Jumbo 2