Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мечка угина на автопатот Скопје – Тетово, откако во неа удри автомобил

/

Македонија

Сподели преку :

( Фотографијата е илсустрација)

Мечка угина откако во неа удри патничко возило на автопатот Скопје-Тетово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 23 октомври околу 22:15 часот во СВР Скопје. Возило „волво“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 36-годишен жител на Гостивар, удрило во дивото животно.

Ветеринар од Зоолошката градина Скопје констатирал дека мечката е угината. На местото бил извршен увид од екипа на СВР Скопје.

Jumbo 2