Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МОН: Условите во „Стив Наумов“ се одлични, СДММ обвинува за влага, протекување и проблеми со греењето

/

Македонија

Сподели преку :

Министерството за образование и наука тврди дека условите во реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје се одлични, откако потпретседателот на Социјалдемократската младина на Македонија , Бојан Цветаноски, обвини дека помалку од еден месец по завршувањето на реконструкцијата се појавиле влага, протекува вода има проблеми со греењето и топлата вода.

Од МОН информираат дека реконструкцијата започнала во јули 2024 година со поддршка од Европската Унија и дека домот е првиот од вкупно девет студентски домови што треба да бидат темелно и енергетски ефикасно обновени во текот на мандатот на актуелната Влада.

 Критиките на опозицијата, ги оценуваат  како обид за дискредитација бидејќи „четири министри во време на нивниот мандат, не успеаја да сврзат две цигли“.. Ги повика претставниците на СДСМ да го посетат домот и да извршат непосреден увид но и споредба со објектите кои тие ги имаат „изградено или реконструирано“.

Пробелмите кои се појавиле според МОН се „изолирани ситуации во реновираниот дом  кои можат да настанат сами по себе, но објектот е под гарантен рок и изведувачот постапува и ги санира“. Додаваат дека „несакани ситуации може да бидат предизвикани и од корисници, за што апелиравме на одговорно користење при самото пуштање на објектот. Раководството на домот се соочи со запушена канализација поради фрлени влажни марамици; активиран алармен систем поради заборавена храна во вклучена микробранова печка во чајна кујна, како и поради запалена цигара во соба; откорнат радијатор; паркирани автомобили на зелени површини во дворот на домот… Сите ситуации се надминати“, се наведува во соопштението од МОН.

Оттаму уверуваат и дека храната во домот е во согласност со пропишаните нутритивни стандарди, а апелираат до студентите одговорно да ги користат просториите и опремата.

Претходно, од СДММ изјавија дека студентите и натаму се соочуваат со несоодветни услови за сместување, и покрај вложените средства во реконструкцијата.

„Ниту еден месец не издржа реконструкцијата на студентскиот дом ‘Стив Наумов’! Влага, вода што протекува од сите страни, нема греење, нема топла вода! Нели ‘Стив’ ќе беше хотел од А-категорија? Вака ли изгледа хотел од А-категорија, со прокиснати соби и влага по ѕидовите?“, праша Цветаноски.

Цветаноски тврди дека за обновувањето биле потрошени 10 милиони евра, а како дополнителен проблем ја посочува месечната партиципација за сместување, за која наведува дека изнесува 6.600 денари. Од СДММ побараа итна проверка на состојбата во домот, јавно објавување на сите трошоци и договори поврзани со реконструкцијата, како и утврдување одговорност доколку се утврдат пропусти. Тие изразија сомнежи за начинот на трошење на средствата.

Jumbo 2