Небото над Скопје вечерва беше осветлено со спектакуларно шоу со дронови на кое беше испишана пораката „Гоце е Македонија“. Преку светлосни формации беа прикажани и ликот на Гоце Делчев, натписот „ВМРО“, како и симболот од македонското знаме.

По тој повод, премиерот Христијан Мицкоски, објави видео на Фејсбук на кое се гледа спектакуларното шоу со дронови.
„Честит Ден на македонската револуционерна борба! Небото свети Македонија. Неколку секунди македонска убавина и пораки. За многу години!“, напиша Мицкоски во објавата.













