Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зголемена употреба на дронови на одбележувањето на Денот на македонската револуционерна борба

/

Македонија

Сподели преку :

Министерството за внатрешни работи информира дека  по повод одбележувањето на државниот празник Денот на македонската револуционерна борба, ќе се користат беспилотни летала (дронови) за снимање од воздух.

Од МВР соопштуваат дека за потребите на реализацијата на свеченоста, паркинг-просторот на Музејот на современата уметност ќе биде обезбедуван од 10 до 23:30 часот, поради што апелираат до граѓаните да ги отстранат возилата од паркингот.

Активностите ќе се реализираат во рамки на планираните мерки за одбележување на празникот, при што на одредени локации ќе биде забележливо зголемено присуство и движење на беспилотни летала.

МВР нагласува дека станува збор за однапред планирани активности и апелира до граѓаните за разбирање, со цел нивно непречено и безбедно спроведување.

Jumbo 2