Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Ребалансот е евтина детска буџетска гимнастика на која никој не верува“, дециден Узунов во ВИН ВИН

/

Економија

Сподели преку :

Кои се вистинските причини за вториот ребаланс на буџетот само три месеци од претходната корекција? Каква е врската на намалените приходи поради нафтената криза, со зголемените расходи за социјални трансфери на сметка на капиталните трошоци. Што за јавните финансии значи задолжување кое не финансира капитални инвестиции туку тековни трошоци?

Во Вин-Вин дебатираат Ванчо Узунов и Мирче Јовановски.

Универзитетскиот професор Узунов рече „зарем очекувате министерката да каже дека нејзиното работење е неодговорно и дека нејзиниот буџет не е развоен и не води кон стабилизација. Ако го кажеше тоа денес, утрово на собраниска комисија, до ова време веќе требаше да си поднесе оставка двапати, а нема таква намера“.

  • Значи таа нормално дека ќе каже дека ребалансот на буџетот е одговорен, навремен, развоен. Но не е. Самиот факт дека за два – три месеци се носи нов буџет – значи неодговорно владеење. Тоа е факт нема таа што да објаснува, истакна тој.

Ребалансот на буџетот го нарече евтина детска буџетска гимнастика на која нема кој да поверува „ама мислам дека најголем број на граѓани не сакаат ни да знаат нешто од ова“.

  • И ова треба да помине како сега да имаме некој фестивал, театар и толку. Инаку не може да не ги предвидиш расходите во јуни за до септември и октомври. Не може да не знаеш дека ќе нема толкави капитални инвестиции, меѓутоа кога во политичката реторика на партиите, а партијата на власт еклатантно термините како: „раст на БДП мерен преку ставката на растот на БДП“, „капитални инвестиции кои што значеле развој“, капитални инвестиции се патишта и сл. во реториката на политичарите, што нема врска со реалноста, меѓутоа политички така се прави. Сега рацете на министерката и се врзани, мора да покаже одговорност, да покаже капитални инвестиции, а мора да ја нахрани социјалата, пензионерите, а со буџетот не и стигаат парите и таа мора да прави таква евтина детска буџетска гимнастика. И мислам дека таа не се чувствува добро во својата кожа. А ние кои се уште не сме заминале од Македонија освен да седиме и да го гледаме овој циркус беспари, односно со тешки пари кои ние ги плаќаме, рече Узунов во вечерашната емисија ВИН ВИН.

Јовановски во ВИН ВИН: За десет месеци имаме практично четири буџети

Кои се вистинските причини за вториот ребаланс на буџетот само три месеци од претходната корекција? Каква е врската на намалените приходи поради нафтената криза, со зголемените расходи за социјални трансфери на сметка на капиталните трошоци. Што за јавните финансии значи задолжување кое не финансира капитални инвестиции туку тековни трошоци? Во Вин-Вин дебатираат Ванчо Узунов и… Продолжи со читање

telma.com.mk