Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Судијата Ристов добивал пари за стан од бабата и дедото, а мајка му ги пишувала сумите на пакувањата

/

Македонија

Сподели преку :

Родителитен а судијата Ѓоко Ристов и родителите на неговата сопруга се договориле да им дадат по 70 илијади евра за стан. Ова денеска го сведочеше таткото на сопругата на Ристов додавајќи дека парите кои ги дале биле во апоени од 200 и 500 евра исти како што беа пронајдени во ѕидот од куќата на родителите на Ристов. Вештакот пак кој ги вештачел парите и ливчињата во кои биле спакувани потврди дека ракописот на ливчињата бил на мајката на ристов. Ова не е спорно за обвинителството но од таму потсетија дека на банкнотите пронајдени во ѕидот имало днк траги токму од судијата.

„Одбраната се обиде да направи спин, поврзувајќи ги овие ливчиња испишани од Донка, мајката на Ѓоко со ДНК материјалот најден на фолии кој е директно на обвинетиот Ѓоко. Веројатно спинот беше во линија на некаква контаминација, но тешко е да поверуваме дека Донка ги допирала или триела ливчињата од обвинетиот Ѓоко, па теоретски да дојдеме до некое хипотетичко и фантастично сцеснарио дека од тука доаѓа пренос на ДНК материјалот“ рече обвинителката Искра Хаџи Василева.

Инаку на 17 април обвинителството при претресот на домот на родителите на судијата Ѓоко Ристов во Неготино, пронајде 350.000 евра за чие потекло тој немал доказ и не ги пријавил. Парите биле во 13 пакувања, во апоени од по 500 евра и 200 евра, од кои на дел од пакувањата имало рачно напишани износи. Претходно родителите на судијата сведочеа дека тие ги заработиле 350 илјади евра со земјоделие, а ги штеделе цели 50 години, а секое евро го ставиле со нивни раце во ѕид.

„Притоа вика дека не постои ниту еден коруптивен предмет ама ние неколку месеци водиме постапка на жими мајка“, рече адвокатот на Ѕвонко Давидовиќ.

Тонски Искра Хаџи Василева – обвинител

Ристов се гони за прикривање имот и перење пари.Иако одбраната го најавувааше како сведок контроверзниот бизнисмен Љупчо Пецов – Ѓаволот, чија сестра тврдеше дека токму тој давал пари за да го поткупи судијата Ристов, преку адвокатот Фехми Стафа кој исто така е осуден, денеска рече дека има неуспешна потрагата по него.

Билјана Николовска

Jumbo 2