Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Однесувањето на Александар Ѓорчевски пред и по грабнувањето на неговата ќерка Вања нецелосно расчистено, Апелација образложи зошто му ја укина ослободителната пресуда

/

Македонија

Сподели преку :

Крвичниот суд за однесувањето на Александар Ѓорчевски пред и по грабнувањето на неговата ќерка, Вања, како и исказите на обвинетите за движењето на девојчето и временската рамка на настаните, не дал доволно јасни факти и нецелосно ги оценил доказите. Ова е образложението на Апелациониот суд кој ја укина ослободителната пресуда за Ѓорчевски и му наложи на Кривичниот суд да ја оцени доказната вредност на исказите на Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски, како и околностите поврзани со движењето на девојчето и од кои докази произлегува сознанието на Ѓорчевски кога неговата ќерка ќе го напушти домот и се упатува кон училиштето.

„Воедно, судот да ја испита временската и фактичката поврзаност на настаните од 24.11.2023 година и 27.11.2023 година, особено во однос на околностите под кои била донесена одлуката за преземање на дејствијата кон оштетената, движењето и однесувањето на обвинетите во релевантниот временски период, како и нивната меѓусебна поврзаност“,  информира Апелациониот суд.

На судењето беше откриено дека имало неуспешен обид за грабнување на девојчето на 24  ноември 2023 година, а дека решиле да го извршат делото на 27 дноември откако, според обвинетите, Љупчо Палевски Палчо им кажал дека информацијата дека таа сама ќе оди на училиште е од незјиниот татко.

Владимир Туфегџиќ, адвокатот на Ѓорчевски, смета дека ова напатствие на Апелациониот суд за тоа што се случувало меѓу неуспешниот обид за грабнување и трагичниот ден нема логика да биде дел од постапката.

„Сите пет судии од Апелациониот суд, пред да ја донесат одлуката за да ги добијат одговорите за размуно или неразумно однесување на Александар, требале само за момент да се стават во улога на Зорица и Александар и тогаш ќе ги добиеле сите одговори“, смета Туфегџиќ.

Доколку Апелациониот суд, додава Туфегџиќ, сметал дека во доволна мера пресудата не е образложена со јасни, категорични и непротивречни заклучоци можеле да интервенираат само во тој дел, а не да го вратат предметот на повторно разгледување. Според него, пресудата е донесена по силен притисок од обвинителството.

„Прво, Апелациониот суд потврди дека Александар немал комуникација и конекција со ниту еден од обвинетите и втора работа, конечно, ставена е точка на прашањето за становите, како мотив за извршување на кривичното дело, а без мотив обвинението против Александар нема апсолутно никаква смисла“, смета Туфегџиќ.

Останатите обвинети за убиството и грабнувањето на Вања Ѓорчевска, како и на Панче Жежовски добија казна доживотен затвор, а Ѓорчевски, кој се гонеше за помагање во грабнување на неговата ќерка, беше ослободен.

Марија Митевска

Jumbo 2