СДСМ бара обвинителството да отвори истрага за контактите и евентуалните договори на премиерот Мицкоски и министерот Муцунски со блискиот соработник на американскиот претседател Трамп, Ричард Гренел.
Тој, според наводите, е предмет на истрага покрената по наредба на Трамп поради сомнежи дека ја злоупотребил довербата и проневерил пари од донации за Центарот Кенеди, со кој порано раководеше.













