Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Родителите на загинатите во „Пулс“: Не смее да има простор за релативизирање на фактите, за селективно толкување на доказите

/

Македонија

Сподели преку :

Денеска во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Пред почетокот на денешното рочиште, Александар Наунов, родител на едно од загинатите деца, во име на семејствата, изрази поддршка за Јавното обвинителство поради вкрстеното испитување на вештакот на одбраната, оценувајќи дека со нив на претходното рочиште биле изнесени на виделина сериозни противречности во неговиот исказ.

– Во судница во која се одлучува за одговорноста за изгубени човечки животи, не смее да има простор за релативизирање на фактите, за селективно толкување на доказите или за обиди вистината да се прикаже поинаку од она што навистина се случило. Затоа, ваквиот пристап на обвинителството заслужува поддршка, со очекување дека истата доследност, решителност и професионалност ќе продолжат до целосното расветлување на трагедијата. Но, зад сите правни аргументи, вештачења, докази и судски рочишта стои една неизмерна човечка болка. Стојат 63 прерано згаснати животи. 63 насмевки што никогаш повеќе нема да ги видиме, 63 неостварени соништа и иднини кои сурово беа прекинати – изјави Наунов.

Jumbo 2