Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одложено судењето за Качапор обвинет за смртта на Јорго Ќука на пешачки премин

/

Македонија

Сподели преку :

Поради отсуство на судија поротник кој бил на боледување се одложи денешното рочиште против Харис Качапор обвинет дека на пешачки премин смртно го прегази поранешниот директор на ОХИС Јорго Ќука.

Судењето продолжува на 12 ноември.

Качапор oдговара за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Според обвинителството на 3 ноември лани, тој возел со брзина од 62 км./ч. и на булеварот „Гоце Делчев“ кај крстосницата со „Лазар Личеноски“ на пешачки со предниот дел од возилото удрил во велосипедот на Ќука кој починал на лице место. Тој претходно  се прознесе дека не се чувствува виновен а одбраната тврдеше дека немало умисла.

Jumbo 2