Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ССК и Министерството за економија против кратење на празниците: Фокусот да биде на продуктивноста и плаќањето по час

/

Македонија

Сподели преку :

Сојузот на Стопански комори и министерството за економија се контра предлогот на Стопанската Комора за кратење на бројот на неработни денови и државни празници. Барањето се уште не е доставено до министерството ниту пак е разгледувано на Економско социјалниот совет. Сојузот и министерството се на став дека наместо тоа треба да се работи на зголемување на продуктивноста на работниците и да почне сериозно да се размислува за плаќање по час.

„Ставот на Сојузот на стопански комори е дека во Македонија има вредни, посветени и работни луѓе. Има чесни луѓе кои сакаат да работат и апсолутно не сме на ставот дека треба да се намали бројот на празниците. Нашиот таргет и фокус е како да се зголеми продуктивноста  на вработените. Едно прашање кое што иднина сакаме да се разгледува од страна на државата тоа е плаќање по час по урнек на развиените пазарни либерални економии“, рече Горан Ѓорѓиевски, претседател на Сојузот на Стопански комори (ССК)

„Нашиот став е исто како и ставот на премиерот во тој поглед дека еднаш стекнати права на работниците нема потреба да дискутираме понатаму така да тоа прашање мислам дека е заклучено. Мислам дека една од опциите која понатаму треба да се разгледува со цел зголемување на продуктивноста на вработени, не само во јавниот туку и во приватниот сектор е плаќање по работен час“, рече Марјан Ристески, заменик министер за економија

Jumbo 2