По две оценки единици, следува отказ – Собранието ги донесе измените на Законот за административни службеници, со кои собраниската служба станува целосно независна.
Мнозинството ова го претстави како конечно исполнување на 35 годишно барање на овие службеници, на што реагираше опозицијата.
Обвинија дека им честитаат по вторпат, затоа што законот бил донесен пред шест години, но не е имплементиран поради неусогласеност со Законот за Собрание.
Законот не доби поддршка од СДСМ, затоа што сметаат дека, одредбите за преместување, оценување и дисциплинска одговорност на административните службеници можат да отворат простор за злоупотреби и политичко влијание врз вработените.













