Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лагард предупредува: Инфлацијата во еврозоната ќе остане висока и во првата половина од 2027 година

/

Економија

Сподели преку :

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, изјави дека инфлацијата во еврозоната во првата половина од 2027 година, ќе остане висока, главно поради зголемување на цените на енергенсите. Истовремено, таа предупреди на последиците од конфликтот на Блискиот Исток и неизвесноста во глобалната трговија што би можеле да го забават економскиот раст.

„Се очекува повисоките цени на енергенсите да ја одржат основната инфлација далеку над целната во првата половина од 2027 година и постепено да се пренесат на основната инфлација и инфлацијата на цените на храната“, рече Лагард.

Годишната инфлација во еврозоната се зголеми на 3,8 проценти во септември, главно поради зголемувањата на цените на енергенсите, додека основната инфлација малку се зголеми на 2,5 проценти. Според очекувањата на Европската централна банка, инфлацијата во еврозоната треба постепено да се намалува по првиот квартал од 2027 година, како што се намалува придонесот на енергетските производи, и да се приближи до целното ниво од два проценти до крајот на таа година.