Бугарскиот амбасадор во Македонија, Желјазко Радуков тврди дека би бил крајно изненаден доколку властите во Македонија не биле запознаени со заминувањето на Ива Михајлова. Во разговорот за бугарската БТВ, Радуков потсетува дека двата пасоша ѝ биле одземени, била ставена на стоп листа и со лична карта не можела да премине граница.
„И не само тоа, пред нејзиниот дом редовно имаше униформирани полициски патроли. Кога и да излезеше ја придужуваа цивилни полициски службеници. Како што можевте да забележите и вие за време на судењето во Кочани, самата таа сподели дека имало дронови над нејзината куќа во ноќните часови. И одеднаш сето тоа на некаков начин исчезнува и таа ја преминува границата? – Ве молам“, одговори Желјазко Радуков, амбасадор на Бугарија во Македонија.
Новинарско прашање: т.е. не може такво излегување од Северна Макеоднија со такви рестриктивни мерки кои вие ги опишавте да остане незабележано од властите таму?
Радуков: Тоа не можам да го тврдам, но би бил исклучително изненаден ако не било со заеднички напори.
Радуков кажа и дека бугарската амбасадата ѝ пружила помош на Михаилова од сите аспекти меѓу кои и обезбедување на адвокат. Тој уверува дека бугарската држава и тој немале информации дека Михаилова се подготвува да ја напушти Македонија за што разбрал од медиумите. Рече дека не може да поддржи таква акција, но го разбира очајот и ужасната ситуација во која таа била доведена.
„За Северна Македонија изгледа има далеку поголема полза од начинот на кој што се развива ситуацијата. Прво, многу јасен случај на очигледна дискриминација се разводнува и наместо сега да зборуваме зошто правилата за сите други не се применуваат на г-ѓа Михаилова, зборуваме за тоа како таа ја преминала границата меѓу двете земји. Второ, не мора да се објаснува зошто морала на нелегален начин да ја напушти државата“, додаде Радуков.
Бугарскиот министер за внатрешни вчера беше дециден дека ниту ја бараат ниту ке ја екстрадираат затоа што е бугарски државјанин
На македонска страна истражните органи се уште го расветлуваат бегстовото на Михаилова. Се најавува информирање на релевантните институции на Европската Унија, Советот на Европа, НАТО и други меѓународни организации со порака дека не во интерес на ниту една држава да создава имиџ на земја-заштитник на лица кои бегаат од правдата и избегнуваат постапување пред надлежните институции.
Фото: printscreen/bTVnovinite
Елена Ивановска Мукоска













