Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Полициска акција: Извршени 47 претреси, лишени од слобода 16 лица, запленети дрога, оружје и муниција

/

Македонија

Сподели преку :

Засилени мерки во координација со сите сектори на МВР се спроведени вчера на територијата на целата држава, насочени кон откривање и сузбивање на криминалот, особено недозволената трговија со дрога и нелегалното поседување оружје.

Во рамки на акцијата се извршени 47 претреси во домови и други помошни простории на повеќе локации низ државата.

При претресите се пронајдени и одземени поголема количина марихуана, повеќе пакувања со кокаин, како и помали пакувања со кокаин подготвени за понатамошна продажба.

Пронајдени се и одземени огнено оружје – пиштоли и пушки, разновидна муниција, парични средства и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела.

Во текот на акцијата од слобода се лишени 16 лица, а поднесени се 11 кривични пријави за кривичните дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, информираат од МВР.

 

Jumbo 2