Негативниот одговор за екстрадиција на Ива Михаилова во Македонија децидно го соопшти и министерот за внатрешни на Бугарија Иван Демерџиев кој наместо македонските власти рече српски, а потоа оцени дека тоа и не е толку голема грешка.
-Ниту ќе ја бараме ниту ќе ја предадеме на српските власти. Имаме причина, таа е граѓанин на Бугарија поради што стрикно ги приложивме соодветните процедури и закони. И ниту ќе ја бараме, ниту пак ќе ја предадеме, изјави Иван Демерџиев, министер за внатрешни на Бугарија
Новинар: Случајно ли кажавте српските власти или беше грешка?
Демерџев: Беше грешка, но да кажеме дека, не толку голема грешка. Властите на Република Северна Македонија да бидам по прецизен.
Во поткастот шефот на бугарската полиција Демерџиев потврдува дека Михаилова е во Бугарија за да се лекува, но не сака да споделува други детали и потенцира дека сè уште е во тек процесот на разјаснување, како се нашла на бугарска територија .
Се чека исход од истрагата на макеоднска страна. Од оддел за внатрешна контрола од каде се уште нема информации за конкретни сознанија .
Михаилова во понеделникот се појави на бугарска телевизја. Тврдеше дека леглано поминала преку граница а од макеоднските надлежни соопштија дека на ниту еден граничен премин не е евидентиран излез на Ива Михаилова од државата, ниту влез во Бугарија.
Ден подоцна и беше определен притвор во отсуство и беше распиша мегународна потерница. Веќе следниот ден бугарското мвр преку соопштение се огласи дека не ја бараат и дека не испорачуваат бугарски државјани. Таа е обивнета за сообракајката во која животот го загуби Бесим Дурмиши од Љуботен. Судењето продолжува на 9 ноември а обивнителството најверојатно ќе бара да и се суди во отсуство.
Елена Муковска













