Бугарија нема да ја екстрадира 23-годишната Ива Михаилова од Кочани, по која Македонија распиша меѓународна потерница, изјави во интервју за Поткаст, бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев.
–Ива Михаилова не е барана од нас, нашата дирекција за меѓународно и оперативна соработка доби барања таа да биде екстрадирана, но одговорот е негативен, ниту ќе ја бараме ниту ќе ја предадеме на српските власти. Имаме причина, таа е граѓанин на Бугарија поради што стрикно ги приложивме соодветните процедури и закони. И ниту ќе ја бараме, ниту пак ќе ја предадеме, изјави Демерџиев.
На прашањето на новинарот дали станува збор за ненамерна грешка или намерно споменување на Србија, додека македонските власти ги нарекува српски, Демерџиев признава дека погрешил, но според него дека тоа не било „толку голема грешка“.
Водител: Случајно ли кажавте српските власти или беше грешка?
Демерџев: Беше грешка, но да кажеме дека, не толку голема грешка. Властите на Република Северна Македонија да бидам по прецизен.













