Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Полицијата на дело фати 22-годишник од Прилеп со марихуана, кај тинејџерка која била со него кокаин

/

Македонија

Сподели преку :

Вчера во 14:17 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода И.П.(22) и С.Т.(19) двајцата од Прилеп.

Од МВР информираат дека врз основа на Наредба од Основен суд Прилеп, полициските службеници извршиле претрес во домот на И.П., од Прилеп при што пронашле и одзеле марихуана.

Затекната била и С.Т., кај која при преглед била пронајдена прашкаста материја.

По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок, посочија од МВР.

Jumbo 2