Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Без договор за новиот буџет и финансирањето на Украина, миграцијата ја истисна дискусијата за проширувањето, заврши Европскиот совет

/

Свет

Сподели преку :

Бесплодна дискусија за новата Повеќегодишна финансиска рамка, комплицираниот назив на Брисел за новиот седумгодишен буџет на Унијата, справување со трговските дисбаланси, уште еден збунувачки термин преку кој ЕУ сака да избегне именување на Кина и енергични дискусии за енергетската и миграциската политика на 27 члениот блок.

Ова во кратки црти беа темите од исклучително амбициозната агенда на дводневниот европски совет кој заврши вечерва во Брисел. Преговорите за буџетот ќе продолжат во следните недели, и нив ќе ги преземе претседателот на советот Коста, но ниту една од државите не очекува тие да бидат завршени до рокот на крајот од годинава.

За да постигнеме договор мораме да ги задржиме националните придонеси на разумно ниво, додека во исто време ги зачуваме нашите амбиции да ги испорачаме заедничките приоритети. За тоа да биде возможно, од основна важност е да ја консолидираме работата врз новите сопствени ресурси, порача коста.

Миграцијата како и секогаш, беше проминентна тема на Европскиот совет. Иако речиси сите членки забележуваат пад во бројот на нелегални мигранти, а некои од нив дури и историски ниски бројки, настани како тој во Сеута ги загрижуваат земјите членки.

Токму затоа, ние како Комисија ќе предложиме нова Европска рамка за итни случаи. Таа ќе ги обезбеди неопходните средства земјите членки брзо да одговорат на сериозни закани на нашите надворешни граници и да ја зачуваат нашата интерна безбедност, рече претседателката на ЕК, урсула фон дер лајен.

Продолжување на поддршката за Украина и вложувањето во заедничката безбедност за Коста се тесно поврзани теми, и како такви биле дискутирани од лидерите. Сепак, договор за испорачувањето на неопходни за украинскиот буџет 70 милијарди евра за следната година не беше постигнат.

Проширувањето беше тема окупирана од хрватските забелешки околу црногорското пристапување, кое резултираше со прифаќање на барањата на Загреб, за што Пленковиќ тврди дека неговата земја е далеку поконструктивна за разлика од некои други членки, суптилно алудирајќи на случајот со Македонија.

Следствено на тоа, во заклучоците изостана спомнување на останатите земји кандидатки, освен повторувањето на претходните заклучоци дека проширувањето на ЕУ е геостратешка инвестиција во мирот, стабилноста и просперитетот на Европа.

Игор Трајков