Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Скандирања за Хитлер, Евреите, Ана Франк… – антисемитски пораки на навивачите на Хајдук пред мечот со Ајакс, полицијата почна со апсења

/

Свет

Сподели преку :

Навивачката група „Торцида“ се најде на тапет во хрватската јавност, но навлече меѓународен публицитет. Но, не поради самиот фудбалски натпревар меѓу Хајдук и Ајакс на „Пољуд“ во рамки на 2. коло во Конференциската лига на УЕФА. Нивното однесување пред, за време и по мечот предизвика шок меѓу хрватските граѓани и кај странските новински агенции.

Стотина припадници на „Торцида“ за време на вчерашното кортео во Сплит, во пресрет на мечот меѓу Хајдук и Ајакс, скандираа навредливи поради на сметка на Евреите, извикуваа „Аушвиц, Аушвиц“ и „Стани Адолф“, како и навредлива антисемитска песна за Ана Франк, еврејско девојче кое почина во нацистички концентрационен логор на само 15-годишна возраст. На чело на поворката се движеше голф со мртовечки ковчег на кровот на кој пишуваше „Ајакс“.

Премиерот Андреј Пленковиќ изрази задоволство од спортскиот дел и победата на Хајдук, но изрази осуда за останатото.

„Исклучително сум задоволен од победата на Хајдук, но и исклучително незадоволен од останатото. Такви пораки не можат да толкуваат поинаку од антисемитски пораки. Тоа го осудувам на најостар начин. Очекувам полицијата да направи анализа кој ги извикувал тие пароли и да поднесе пријави. Истото го очекувам и од судовите“, рече Пленковиќ.

Осуда за однесувањето на дел од навивачите дојде и од хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.

„Однесувањето на дел од навивачите на Хајдук во Сплит е недозволиво,, срамно и за секаква осуда. Повиците и постапките со кои отворено се слават нацистичкиот и усташкиот режим наложуваат итна и системска реакција на хрватската полиција, на државното обвинителство и, на крајот на краиштата, на судовите. Ги повикувам сите надлежни институции крајно сериозно да пристапат на истрагата за овој срамен настан, со такво нешто повеќе да не се повтори“, изјави Милановиќ.

Коментар за однесувањето на навивачите на Хајдук изнесе и европратеникот Тонино Пицула според кого „Хрватска ја плаќа цената за толерирање на двојни конотации“.

„Европската комисија има благонаклонет став кон официјален Загреб, кој поради исклучителна попустливост, дозволи на хрватските улици да се појават вакви гротескни форми на политичкои изразување. Тоа се опасни сцени и како општество и држава мора да реагираме. Ако изостане реакција, тоа ќе стане константа која го загрозува мнозинскиот дел на Хрватска и отпорот кон такви изрази на политичка нетолерантност и величање на фашизмот“, изјави Пицула.

За недоличното однесување на навивачите на Хајдук објавија и регионалните медиуми, како и медиумите во Израел, во Холандија, Германија, Полска, Русија, Грција, Романија, Чиле…

Сплитската полиција од утрово врши апсења, а на едно од видеата со приведувања се слуша машки глас како повеќе пати вика „Грбот ме боли“. Полицијата претходно потврди дека за време на навивачкото кортео се забележани повици со елементи на казнена содржина и оти спроведува криминалистичка обработка за да ги утврди идентитетите на одговорните.

С.Д.