Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во телефонот на 20 годишникот од Голема Речица пронајдени видеа со сексуална злоупотреба на деца

/

Македонија

Сподели преку :

20 годишникот од тетовска Голема Речица заработувал од дома преку Интернет, но како  администатор на нелегален онлајн пазар. Американската служба во координација со МВР открила дека тој од 2023 до 2025 работел на повеќе веб страници поврзани на платформа каде се споделувале украдени дигитални податоци, украден софтвер па дури и услуги за извршување на криминал во сајбер просторот.

,,Главни корисници на платформата биле сајбер-криминалци кои купувале и продавале лични податоци и пристапни акредитиви за кориснички сметки и компјутерски мрежи на жртви. Во периодот на функционирање на платформата биле понудени над 1.500 украдени пристапни акредитиви. Обезбедени се докази дека пријавениот преку апликацијата „Телеграм“ набавувал и поседувал за себе материјали со сексуална злоупотреба на деца“, рече Гоце Андреевски, портпарол на МВР 

Обвинителството денес соопшти дека побарале притвор поради ризик од бегство на осомничениот на кој му се ставаат на товар неколку кривични дела, како и поради опасноста тој да продолжи да врши нелегални активности.

„Врз основа на наредба за претрес обезбедена од судот по барање на јавниот обвинител беше извршен претрес кај осомничениот и беа одземени два мобилни телефони. Во скриен фолдер на еден од телефоните беше утврдено дека тој поседувал вкупно 29 видеа со експлицитна содржина на полови дејствија меѓу возрасни лица и деца“, соопштија од Јавното Обвинителство

Полицијата до Обвинителството поднела кривична пријава за повеќе дела – „компјутерска измама“, „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.

Александар Самарџиев

Jumbo 2