Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дваесетгодишник од тетовско две години продавал лични податоци од 1.500 профили – откриен во акција на ФБИ со МВР

/

Македонија

Сподели преку :

ФБИ им честита на партнерите од Одделот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија за успешното апсење на администраторот на криминалниот пазар OLVX.

  • Се тврди дека OLVX, кој бил активен во периодот од 2023 до 2025 година, незаконски продавал лични податоци за идентификација на жртвите и податоци за најава преку повеќе од 1.500 продавачки профили. Постоењето на овој пазар директно ја загрозувало дигиталната безбедност на илјадници американски граѓани кои се потпираат на интегритетот на профилите што ги користат.

Оваа акција за прекинување на работата претставува прва операција во сајбер-просторот координирана меѓу ФБИ и Северна Македонија и ја одразува посветеноста на ФБИ за соработка со партнери ширум светот со цел заштита на американскиот народ во сајбер-просторот.

МВР вчера објави дека како резултат на успешна координирана истрага меѓу Министерството за внатрешни работи и Федералното истражно биро (ФБИ), откриен е администраторот на нелегалниот онлајн пазар „OLVX“, преку кој се нуделе украдени лични податоци, пристапни акредитиви и алатки за извршување компјутерски криминал. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до ОЈО Тетово поднесе кривична пријава против Е.А. (20) од Голема Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „компјутерска измама“, „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија““.

  • „Истрагата дополнително утврдила дека во периодот од 2025 до 2026 година пријавениот администрирал и нелегална онлајн група под името „ONEMILI“ на комуникациската апликација „Телеграм“. Преку оваа група биле нудени услуги и софтверски алатки за извршување компјутерски криминал, вклучително и измами поврзани со незаконско враќање парични средства. Дополнително, обезбедени се докази дека пријавениот преку апликацијата „Телеграм“ набавувал и поседувал за себе материјали со сексуална злоупотреба на деца“, информира МВР по првата заедничка координирана сајбер-операција со ФБИ.

Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени лични податоци, со кој управувал 20 годишник од Голема Речица – МВР по заедничката акција со ФБИ

Разбиен е нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци и поднесена е кривична пријава против 20-годишник од тетовско, соопшти Министерството за внатрешнби работи (МВР) прек Фејсбук по заедничката акција, како што е наведено, со ФБИ. „Како резултат на успешна координирана истрага меѓу Министерството за внатрешни работи и Федералното истражно биро (ФБИ), откриен е администраторот… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2