Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Кој е поголем маж, а кој врти поголеми бизниси“ – Жестока кавга меѓу Мицкоски и Апасиев

/

Македонија

Сподели преку :

Премиерот ѝ понуди на опозицијата да се вклучи во дијалогот за влез во ЕУ. На прашање на пратеничка од Европски фронт, за стратегијата на владата за деблокирање на евроинтегративниот процес и отворањето на преговарачките поглавја, Мицкоски одговори дека тие, доколку сакаат, можат да бидат дел од тимот којшто ќе го води тој дијалог со нашиот источен сосед.

–По средбата на Муцунски, не интересира каква ви е сега стратегијата и дали имате рок до кој треба да се најде решение за проблемот што не засега сите, праша Арбана Пашоли, пратеничка од Европски фронт.

Премиерот најави дека следниот чекор ќе биде усогласување на Акцискиот план за малцинства, документ што, како што посочи, е прифатен од 26 земји членки на Европската Унија, но не и од Бугарија.

– Во овој дијалог во којшто го водиме со Бугарија, апсолутно, еве вие како здружена опозиција на неколку политички партии, предложете претставници да бидат дел од тимот кој што ќе го води тој дијалог со нашиот источен сосед. Ние апсолутно тоа ќе го почитуваме, понуди Мицкоски.

Следеше размена на обвинувања, навреди и меѓусебни прозивки по прашањето на пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, за бизнисите на баџанакот на премиерот, Јорданчо Јанев, за кого рече дека има шест фирми во Македонија и Бугарија, чии бизниси се прошириле со оваа власт, а добил и тендер за угостителска услуга од Општина Струмица. Мицкоски ги отфрли наводите и го повика да ги повтори јавно надвор од собраниската говорница за да ги докаже пред суд.

-Општина со долг од 16 милиони евра првиот тендер ѝ го дава на фирма на баџанакот, а тој бил кум и покровител на славата, а после си прави бизнис. Не знам како не ви залетна со дедо Стефан кога јадевте знаејќи дека за истата слава овој прави пари, рече Димитар Апасиев, пратеник од Левица.

Премиерот побара истите клевети и навреди да ги повтори надвор, е не од собраниската говорница.

-Излезете ве замолувам и на прес-конференција кажете го ова, и тогаш ќе се најдеме во арената каде што вие сте најјак, а тоа е судот. Тука сте заштитени – рече Мицкоски.

Осврнувајќи се на донациите за партијата, Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ има повеќе донатори, членови и симпатизери, меѓу кои има и милионери, кои донираат средства.

Далиборка Демјанска

 

 

Jumbo 2