Министерот за здравство Сашо Клековски најавува нова фаза во лекувањето на повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
По средбите со здравствените власти во Белград и во Софија, ќе го прецизираат планот за сложените операции и понатамошниот третман.
Следната недела Клековски ќе се сретне и со повредените во Кочани, на кои лично ќе им го соопшти планот за лекување.













