Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тензично во советот на општина Тетово – опозицијата го блокира одржувањето на седницата

/

Македонија

Сподели преку :

Советниците на тетовскиот огранок на Демократската унија за интеграција денеска го обвинија градоначалникот на Тетово дека склучува ново јавно-приватно партнерство кое е на штета на јавниот имот. Тие на денешната седница на советот излегоа со транспаренти во рацете протестирајќи против точката на дневниот ред.

На денешната седница на Советот на Општина Тетово е предвидено да се расправа за Одлуката за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за проектирање, финансирање, изградба, опремување, управување и одржување на противпожарна станица и општинска зграда.

Според нив, на  местото од пожарната во Тетово ќе се гради нов објект но договорот е на штета на јавниот интерес. Според Берат Мурати, координатор на советничка група на ДУИ, на јавното земјиште со површина од 6.768 квадратни метри се предлага комплекс од  околу 14.322 квадратни метри бруто надземна површина.

Според основното сценарио на студијата, општината учествува со земјиште, постојниот објект и дел на комуналните надоместоци.За возврат добива само 15 посто од зградата, односно околу 2.158 квадратни метри. За дополнителните 45 посто, односно околу 6.477 квадратни метри би платила приближно 7,7 милиони евра за повторно да ги купи од приватниот инвеститор.

Преостанатите 40 посто околу 5.757 метри квадратни би останал во трајна сопственост на приватниот инвеститор.

Според ДУИ ова значи дека не само што без пари се дава јавниот имот туку дополнително ќе се платат уште и милиони за да тој имот да се користи.

Jumbo 2