Министерот за здравство, Сашо Клековски изјави дека бегството на Ива Михајлова во соседна Бугарија е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум во Македонија, кој по проверката на нејзините наводи, вели, ќе утврдеа дека таму нема здравствен случај.
–Бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум, тука. Тој требаше заедно со македонските лекари да ги провери наводите на лицето. Мислам дека тогаш ќе излезеe работите на виделина какви се. Јас патувам во Софија, ќе разговарам секако со нивното Министерство за тоа, бидејќи во основа таму нема здравствен случај-вели Клековски.













