Обраќајќи се од говорницата на Народното собрание во средата, премиерот Румен Радев пренесе дека руската амбасадорка Елеонора Митрофанова го уверила оти нема информации за напади врз бродови во бугарската економска зона.
- „Добив уверувања дека тие немаат информации од своето Министерство за одбрана во врска со руски напади на море. Истрагата ќе утврди дали овие тврдења се точни или не“, им објасни Радев на пратениците.
„Истрагата ќе покаже дали ова е точно или не“, додаде тој. Еден ден претходно, Радев изјави дека Русија има интерес да напаѓа бродови со украински екипаж и оние што превезуваат стока за Украина.
Премиерот исто така истакна дека не се пронајдени остатоци од беспилотно летало врз основа на кои би можело да се утврди изворот на нападот.

Бугарија ќе го повика рускиот амбасадор во Софија откако во текот на ноќта беа погодени бродови во непосредна близина на бугарските територијални води, изјави премиерот Румен Радев. „Челзи 3“ товарен брод во украинска сопственост што пловел под малтешко знаме, бил погоден околу 01:30 часот во вторникот, на 18 наутички милји (33 километри) од бугарскиот брег,… Продолжи со читање












