Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Црвена линија с.7. e.22 денеска во 16:15 (14 окто. ’26)

/

Црвена линија

Сподели преку :

Во институциите ги има повеќе, на врвот ги има помалку. Жените сочинуваат 57,5 отсто од вработените во јавниот сектор, но кога ќе се стигне до раководните и политичките функции, односот се менува во корист на мажите. Државниот завод за ревизија констатира дека државата нема воспоставено ефективни политики за жените да стигнат до позициите на одлучување. 39,2 % жени во Собранието, но само 15 % во Владата. Од 58 лица именувани на лидерски позиции од Собранието, само 16 се жени. А, од независноста до денес, ниту една жена не седнала во претседателското столче на Собранието.
Каде исчезнуваат жените кога започнува борбата за моќ и одлучување?
АНКЕТА: Дали жените се доволно застапени на раководни позиции во државата? Да/Не