Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВМРО – ДПМНЕ: Филипче откако ги испромовира позициите на Румен Радев, сака да се камуфлира во партизан

/

Македонија

Сподели преку :

„Бугарскиот амбасадор, Венко Филипче откако дословно ги испромовира и долго време јавно ги застапуваше позициите на Румен Радев, прво Бугари во Устав, па се друго, сака да се камуфлира во партизан“, се вели во соопштението на ВМРО – ДПМНЕ.

ПАртијата на власт вели дека истиот тој Венко Филипче кој сака да стане партизан и кој заедно со неговиот ментор Зоран Заев, од македонскиот Устав ги избришаа одлуките на АСНОМ.

  • Тоа е истиот Филипче кој сака да облече партизанско руво, и истиот ментор Заев, кои јасно подвлекоа дека во Втората светска војна, бугарските фашисти во Македонија не биле окупатори туку администратори. Партизанскиот дрес на Венко Филипче и маршот во градот херој Прилеп, во очи 11 Октомври е само камуфлажа, откако виде дека македонските граѓани не прифаќаат ново предавство на националните интереси. А од друга страна, додека се случуваше преправањето на Филипче во партизан, зад превезот, очигледно, повторно одработуваше за Румен Радев и Бугарија и во најновиот случај со Ива Михаилова која побегна во соседната земја, напишаа од ВМРО – ДПМНЕ.
Jumbo 2