Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЛДП: Туристичка агенција МВР – Премиерот го нема ни за лек, а бегалците слават на слобода!

/

Македонија

Сподели преку :

ЛДП бара одговорност за случајот со Ива Михаилова, обвинувајќи за пропусти во контролата на државната граница и за недоволна одговорнос.

Од партијата прашуваат каде е премиерот Христијан Мицкоски и зошто нема реакција на, како што наведуваат, сериозните слабости во функционирањето на институциите.

Од ЛДП посочуваат дека случајот со Михаилова, за кој се проверуваат околностите на нејзиното заминување од земјата, отвора прашања за евиденцијата на граничните премини и работата на надлежните служби.

Партијата побара одговорност од раководителите на безбедносните служби, како и итна ревизија на правосудниот систем.

Од ЛДП сметаат дека, доколку институциите не можат да обезбедат ефикасна контрола на границите и владеење на правото, одговорните треба да поднесат оставки.

Jumbo 2