Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Продолжува судењето за „Пулс“ – одбраната ќе изведува докази

/

Македонија

Сподели преку :

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска продолжува со изведување докази предложени од одбраната.

На претходното рочиште, Обвинителството вкрстено го испрашуваше вештакот Петре Русески, кој остана на ставот дека објектот не претрпел реконструкција или пренамена, туку само ентериерно уредување.

Обвинителството ја оспори стручноста на вештакот и неговото познавање на Законот за градење, додека одбраната побара прашањата да се фокусираат на неговиот наод.

Одбраната најави и можност за супервештачење доколку се утврдат несовпаѓања меѓу наодите на двете страни.

Родителите на загинатите реагираа дека градежното вештачење на одбраната опфаќа само дел од прашањата во случајот, додека вештачењето на Обвинителството вклучува повеќе области, меѓу кои урбанизам и противпожарна заштита.

Во пожарот што избувна на 16 март 2025 година, за време на настапот на групата ДНК, настрадаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

Jumbo 2