Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трајковски: Приватни странски Дата центри за ВИ во Македонија би биле исклучиво за генерирање на профит, државата ќе нема речиси никаква корист

/

Македонија

Сподели преку :

На Македонија ѝ е потребен национален Дата центар за вештачка интелигенција, но најважно прашање тука е дали ќе инвестира државата или како што слушнавме од некои заматени изјави од претставници на власта е дека тие бараат некакви инвеститори кои би граделе наш Дата центар, но тоа не е вистински национален Дата центар, рече универзитетскиот професор Дејан Трајковски во вечерашната дебата „Директно“ на ТВ Телма.

„Приватните инвеститори би дошле да градат голем центар за вештачка интелигенција и исклучиво за генерирање на профитот. Тоа е сосема друга работа и државата од тоа, можам сосема точно и со показатели да докажам, ќе нема речиси никаква корист. Освен во случај ако добро се испазариме со тие странски инвеститори, па тие да ни отстапат извесен капацитет, 10 или 20 проценти за наши сопствени потреби. Меѓутоа, тие да дојдат тука и да продаваат услуги, а ние да ги купуваме од нив по пазарни цени, тоа апсолутно не се исплати. Бидејќи тогаш каква е предноста, едноставно можеме да ги купиме нивните услуги од нивните странски Дата центри. Губиме многу, а не добиваме ништо“, изјави Трајковски.

С.Д.

Jumbo 2