Пожарникарите затекнале блокиран влез од заглавени луѓе и нефункционално противпожарно, а за извлекување на едно лице во дел од случаите биле потребни најмалку две или три лица, сведочеше денеска на судењето за „Пулс“, пожарникарот Благојчо Паунов, кој бил дежурен во Територијалната противпожарна единица Кочани ноќта на трагичниот пожар.
Родителите на загинатите прашуваат зошто концертот не бил спречен, ако објектот немал законска документација за работа.
На денешното судење за 13 полициски службеници, тие бараат одговорност да се утврди врз основа на доказите.
„Дискотеката „Пулс“ немала законска документација за работа и одржување концерт. Концертот требало да биде спречен пред да започне, а опасностите навреме отстранети. Ние, родителите на загинатите деца, прашуваме: Како ќе докажете дека вашите клиенти не се одговорни за непреземањето навремени мерки, кога последиците се 63 загинати и 218 повредени? Не бараме вина без судење, туку вистината и одговорноста да се утврдат врз основа на доказите“, рекоа тие













