Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Груби и натаму без пасошот но излегува на слобода додека трае судењето за Лотарија, чиј заменик директорот пријави запален службен џип

/

Македонија

Сподели преку :

Службен автомобил-џип од кинеската марка Беиџинг BAIC, а во сопственост на Државна Лотарија ноќеска изгорел, а полицијата го истражува случајот и проверува дали пожарот бил подметнат бидејќи автомобилот го користел заменик директорот на Лотарија. Ахмет Мифтари. Автомобилот е запален пред домот на Мифтари и тој самиот го пријавил пожарот кој го гаснеле скопските пожарникари. Заменик директорот на Лотарија во телефонски разговор кратко ни изјави дека не може да дава изјави и да споделува информации за инцидентот бидејќи истрагата е во тек.

Инцидентот се случил во Чаир, на улица Крсто Асенов, на неполни 200 метри од стан на лице кое е поврзано со Лотарија, но како обвинет за злоупотреби. Станува збор за поранешниот вицепремиер Артан Груби кој за разлика од комшијата Мифтари денеска очекува среќна вест- завршување на законскиот рок за да биде во куќен притвор односно дека оди на слобода од која ќе доаѓа на судењето во кривичниот суд по обвинение за незаконска набавка на ВЛТ апарати и штета врз буџетот од над 9,7 милиони евра.

Груби се изјасни дека не е виновен и цело време по враќањето од бегство во февруари е во куќен притвор, кој денеска судот му го укина бидејќи не може да го продолжи. Но, од друга страна го отфрли барањето да му биде вратен пасош и покрај гаранцијата во имот од над 335 илјади евра.

„Се прифаќа предлогот на Основното јавно обвинителство за определување мерки за претпазливост, и тоа:

Забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште,  

Обврска повремено да се јавува во судот,

Забрана за приближување односно остварување контакт и врски со одредени лица.

Дополнително, против обвинетиот и натаму останува активна мерката за претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за издавање нова патна исправа или друг документ за преминување на државната граница“, соопштија од Основен кривичен суд Скопје

Кога на Груби му беше определен куќен притвор, му беше дадена и полициска заштита пред зградата во Чаир на која е заведен како жител поради безбедносни закани. Од МВР не одговорија до монтирањето на прилогот дали таа мерка со двајца полицајци како заштита на Груби ќе продолжи и кога тој ќе биде на слобода или веќе нема безбедносни ризици за обвинетиот.

Миомир Серафиновиќ

Jumbo 2