Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иницијативата О2 достави 17 амандмани за Законот за животна средина, којшто е денес пред пратениците

/

Македонија

Сподели преку :

О2 Иницијатива доставила 17 предлог-амандмани до пратениците за измените на Законот за животна средина и бара членовите на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање да се изјаснат дали ќе ги предложат или поддржат.

На денешната седница, закажана за 12 часот, треба да се разгледуваат законските измени, иако од иницијативата информираат дека редовниот рок за поднесување амандмани веќе е истечен.

Предлозите се однесуваат на поголема транспарентност, учество на јавноста во одлучувањето и поефикасна заштита на животната средина.

Меѓу барањата се јасни критериуми за процена на влијанието на проектите врз животната средина, разгледување на кумулативното загадување, примена на принципот „загадувачот плаќа“ и спречување на прикривање информации за емисиите со образложение дека се деловна тајна.

 

Jumbo 2