Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Левица: Со бегството на Михаилова во Бугарија, Тошковски го дотера безбедносниот систем до дно – што ли договори Муцунски во Софија?

/

Македонија

Сподели преку :

Ива Михаилова, обвинета за сообраќајна несреќа со смртни последици, се наоѓа во Софија и покрај тоа што, има забрана за напуштање на Македонија – велат од Левица и за тоа бараат одговорност од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Во партиското соопштение се посочува и дека нејзиниот татко, Симеон Михаилов, осуден на 13 години затвор за обид за убиство во случајот „Детонатор“, со години се наоѓа во Бугарија и ја избегнува затворската казна.

Од Левица оценуваат дека случајот отвора сериозни прашања за контролата на државната граница и способноста на институциите да ги спроведуваат судските мерки.

„Уште колку луѓе треба да ни избегаат за да признаеме дека безбедносниот систем ни е крахиран? Границите ни се швајцарско сирење“, наведуваат од партијата, обвинувајќи дека криминалот, шверцот и бегствата од правдата ја разоткриваат неспособноста на МВР да ја контролира територијата на државата.

Левица потсетува и на интерпелацијата за Тошковски, поднесена со 17 точки, оценувајќи дека последователните скандали ја потврдуваат политичката одговорност на министерот.

Во соопштението се отвора и прашањето за неодамнешната посета на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на Софија, каде што се разговарало за македонско-бугарските односи и бугарското вето за евроинтеграциите.

„Дали зад затворени врати се договарало замижување пред бегството на Михаилова во замена за бугарско попуштање околу ветото? Дали власта е подготвена да ги жртвува владеењето на правото и одговорноста на институциите за да добие привидно придвижување кон ЕУ?“, прашуваат од Левица.

 

Jumbo 2